Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

Ваква новогодишна честитка може да напише само големиот Душко Радовиќ:

„Денес е првиот ден, почетокот.

Ви посакувам да не ве боли она што ве болело, а да ве сака она што не ве сакало.

Ви посакувам децата да ви бидат подобри од вас, повеќе вие да се фалите со нив отколку тие со вас.

Ви посакувам нозете добро да ве служат, на нив да го поминете поголемиот дел од новата година, да имате повеќе работа отколку време.

Ви посакувам повеќе да им требате вие на другите, отколку тие вам.

Да посакувате и да можете повеќе отколку што ви треба, а се’ што ќе ви е отповеќе да го поделите со оние кои не можат како вас.

Немој да земате повеќе отколку што давате.

Мислете на оние на кои ќе треба да им го земат она што вам ќе ви го дадат.

Ви посакувам да добиете стан ако го немате, или да знаете да се радувате ако веќе го имате.

Она што го имате да не биде помалку од она што го немате.

Ви посакувам, на крајот, оваа година да има повеќе среќа со вас отколку претходната!“

 

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот