Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

Од промените до денес, од дрво на дрво да одевме, ќе стигневме Мелбурн и ќе се вратевме со украдените пари од општинскиот трезор. По споредни патишта да одевме, ќе стигневме до Швајцарија и од таму ќе го вратевме и ситното.

Уште пред да заминеме, ‘ко на шала ќе испратевме неколку јавни панцир-обвинители во историјата.

На Скопјани можевме да им одржиме лекција за експедитивност во поставување на бројчаникот, кој ќе ги покажува украдените и вратени локални пари.

Можевме, но не сакавме, повеќе бевме гладни за себе, од ревносни за да го нахраниме очекувањето на оние кои не избраа. Ги разочаравме.

Ние до денес не сторивме ништо друго, освен тоа што по кој знае кој пат ја потврдивме онаа народната дека:

“Во Прилеп мајмун не игра, оти нема стапо кој да му го држи”.

#аЌеГоДржиИОроЌеИграме

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот