Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

За денешната седница на Собранието го предлагам следното сценарио:
Собраниските врати да ги отворат Крсто Мукоски и Сашо Василевски.
Редот во салата да го одржува Јохан Тарчуловски.
Македонската химна да ја пее Владимир Пешевски а албанската Зеќирија Ибрахими од „Беса“. Доколку е расположен, оставам простор и Антонио Милошоски да ја запее бугарската.
Најмалку две НН лица од собраниското обезбедување да стават качулки на главата и да се изгушкаат со Елизабета Канчевска-Милеска и Владанка Авировиќ. Можи да падни и целивање, ама подалеку од тоа да не се оди. Оти камери има, деца гледаат.
Покрај албанското, пред Талат Џафери да стои и косовското знаме.
На Трајко Вељаноски ни случајно да не му се дозволи да се приближи до претседателското столче, оти после со кран не можат да го скорнат.
Откако ќе се исполнат сите овие услови, мандатарот Зоран Заев можи да почни со своето експозе!
#Маќедоњацеладае11

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот