Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

Раководството на прилепските социјалдемократи се надмина себеси во докажувањето на сопствената неспособност и себичност, уште еднаш покажаа колку не ја сакаат партијата која ја раководат и колку не го почитуваат сопственото членство.

Наместо да ги известат партиските активисти, симпатизери и останатите граѓани за доаѓањето на Зоран Заев и да му приредат дочек каков што заслужува, тие, “одбраните“, меѓу себе си пуштаа пораки и се договараа никој да не разберел дека Премиерот и лидерот на СДСМ ќе престојува во Прилеп на завршната вечер од „Пивофест“.

Не знам само со кој ум мислеа оти можат да го скријат доаѓањето на Заев? Што сакаа да скријат од Заев? Се плашеа оти нивните сопартијци ќе го обзнанат нивното неработење и четиригодишно калкулантско однесување? Или за оние другите работи, како што се далаверите со автобускиот превоз за Скопје? Па тоа го знаат и врапчињата на гранките и не е веќе вест.

Тоа што си зацртале во своите глави дека треба да бидат директори на Инспекторат, на Тутунски Комбинат, на УБК, ретко кој го интересира. Многу е поважна штетата која со своето однесување ѝ ја нанесуваат на партијата. Затоа ги губат изборите и затоа Прилеп беше една од ретките урбани средини во која СДСМ ги изгуби дури и последните декемвриски избори.

Она што го направија во неделата, прилепчани нема да им го простат. Впрочем, тоа што на социјалните мрежи не прочитав различно размислување од моето, кажува сѐ.

Брука, срам и резил!!!

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот