Филипче во Прилеп со сопартијците

Филипче до сопартијците во Прилеп: Да се обединиме зад заедничката цел – победа на изборите

Во победничка атмосфера при отворање на новиот штаб во Прилеп, Филипче вчеравечер го повика членството на обединетост за победа на изборите.

Тој како носител на листата во Изборната единица 4, им порача на своите сопартијци да ги остават суетите настрана и да се обединат зад заедничката цел, а тоа е победата.

„Јас верувам дека можеме да направиме резултат кој никој не верува дека ќе го направиме. Но, за тоа прво ни е потребна една работа, еден предуслов, да бидеме обединети“, им порача Филипче.

Филипче говореше и дека поделбата е само во интерес на противниците, меѓутоа дека тие не треба да се предаваат и мора на изборите да излезат обединети.

„Нашите противници нè делат и во медиумите нè претставуваат како поделени, тоа е во нивни интерес. Ниеден член на СДСМ, ниеден симпатизер нема корист ако партијата е поделена, од тоа корист имаат само оние кои ни мислат добро. Јас знам дека на крај ќе излеземе обединети и ќе им го покажеме местото“ – заклучи Филипче.

Прочитајте повеќе

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Интегрален говор на носителот на листата во изборната единица 4, д-р Венко Филипче, на синоќешниот …