Филхармонија

В четврток концерт „Светлина“ во Филхармонија

За првпат во Македонија, Станко Мадиќ ќе го изведе концертот за виолина и оркестар број 1 еден од највлијателните современи живи композитори, Петерис Васкс од Латвија, информираат во Филхармонија

Македонската филхармонија денеска го најав концертот „Светлина“, кој ќе се одржи в четврток, на 4 април во 20 часот, а на кој како солист ќе настапи извонредниот виолинист Станко Мадиќ (Србија/Германија), концертмајстор на Радио-оркестарот на Минхен.

„За првпат во Македонија, Станко Мадиќ ќе го изведе концертот за виолина и оркестар број 1 еден од највлијателните современи живи композитори, Петерис Васкс од Латвија. „Чиста убавина на звукот“, така е опишано ова дело со наслов „Далечна светлина“, а создадено во 1996 година на барање на латвинскиот познат виолинист Гидон Кремер. По скоро две децении од неговото создавање, денес овој концерт е веќе класика и е дел од репертоарот на големите симфониски оркестри“, информираат во Филхармонија.

Диригент на концертот „Светлина“ е маестро Оливер Балабурски кој долги години живее и твори во Канада, а со Македонската филхармонија ќе диригира по подолг период пауза. Оваа вечер, заедно со оркестарот на Филхармонијата и маестро Балабурски, ќе биде изведена и Симфонијата бр.4 во F-moll, оп.36 од рускиот музички гениј Петар Илич Чајковски.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …