Филипче најави стратешка соработка со српскиот Институт „Торлак“ за набавка на вакцини за понатаму

Филипче најави стратешка соработка со српскиот Институт „Торлак“ за набавка на вакцини за понатаму

Иако министерот за здравство Венко Филипче најави дека Северна Македонија нема да набави руски вакцини „Спутник В“ од српско производство, тој денеска рече дека во вторник ќе замине во официјална посета на Белград каде што ќе се сретне со министерот за здравство Златибор Лончар и директорката на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, Вера Стоиљковиќ.

„Ќе имаме разговор за повеќе битни теми во делот на нашата соработка и надвор од прашањата за вакцините, онаа соработка што ја имаме околу експертизата, нивни експерти во делот на гинекологија, неонатологија, кардиохирургијата, меѓутоа и некаков стратешки план за набавка на вакцини од Институтот „Торлак“ со оглед на тоа што во овој момент не ни се потребни, но гледаме како се одвива работата со пандемијата и сметам дека најлогично решение е Институтот „Торлак“ да ни биде стратешки партнер во делот на набавка на вакцините понатаму“, рече Филипче.

Инаку српскиот Инстутут „Торлак“ веќе започна со производство на руската вакцина против ковид-19 „Спутник V“, а кон крајот на годината најавено е и почеток на производство и на кинеските вакцини. Како што најавија тамошните власти, првите дози вакцини произведени во Србија се очекува да бидат достапни од 5 до 10 јуни годинава.

Филипче информираше дека заклучно со вчерашниот ден вкупно се вакцинирани околу 35. 000 граѓани.

„Во понеделник ги очекуваме да стигнат вакцините на „Фајзер“, што беше потврдено во текот на вчерашниот ден и утрово. Тие ќе стигнат со авионски превоз до Софија и со специјален транспорт ладен ланец во попладневните часови во понеделник ќе стигнат во Скопје,“ додаде Филипче.

Во салата „Борис Трајковски“ се одвива вакцинацијата на граѓаните на 73 и 74 години.

Во однос на состојбата со болниците, тој ја оцени за стабилна и по притисокот во понеделникот, неделава има ист број на испишани и примени пациенти.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …