Филипче од Дебарца: Со Пендаровски заедно одиме напред, да изградиме европска и сигурна иднина за нашите деца

Филипче од Дебарца: Со Пендаровски заедно одиме напред, да изградиме европска и сигурна иднина за нашите деца

– Со идниот претседател Стево Пендаровски заедно да одиме напред, да изградиме европска и сигурна иднина за нашите млади, за нашите деца, порача попладнево членот на Централниот одбор, Венко Филипче на средбите со жителите од општина Дебарца. 

Филипче со жителите на Дебарца разговараше за претстојните претседателски избори, но и за позитивните промени и достигнувања во македонското здравство.

– Изминатиов период, Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ вложи многу во јавното здравство. Вработени се голем број на здравствени работници, зголемени се платите и коефициентите за исплата на дежурствата. А за првпат, приватните специјализанти земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. Вложуваме напори преку одговорни политики да обезбедиме услови младите лекари да останат тука и тука да градат кариери како здравствени работници.

– Треба да пролжиме заедно напред. На 21 април имаме вистинска можност да гласаме за вистински претседател, кој ќе биде претседател на сите граѓани. Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на нашата држава, потенцираше Филипче.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …