Филипче: Секој глас за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Секој глас за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ

На синоќешниот предизборен митинг во Неготино, носителот на изборната листа на СДСМ и Коалицијата во ИЕ 4, д-р Венко Филипче ги повика граѓаните да им се спротивстават на, како што рече, оние кои очигледно сакаат СДСМ да биде поделена и порача дека многу од гласовите што биле дадени за други претседателски кандидати можат да бидат вратени за листите на СДСМ и коалицијата.

Според него, секој глас даден за партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски е глас даден за ВМРО-ДПМНЕ и за поделба на социјалдемократите.

„Ве повикувам да им спротивставиме на оние кои очигледно сакаат СДСМ да биде поделена. Нека не ве лажат кога ви кажуваат дека глас за ЗНАМ е глас за социјалдемократска партија. Или дека, пак, тоа не е против СДСМ. Паднаа маските и станува јасно дека глас за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е глас за поделба на македонските социјалдемократи, на прогресивните, глас за слабеење на СДСМ на сметка на ВМРО-ДПМНЕ. На тој начин не се казнува СДСМ, само се наградува ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.

Тој додаде дека на тој начин ќе се награди ВМРО-ДПМНЕ да владее без контрола и без разум.

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам дека никој не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола. Сите ние знаеме добро што се случува кога ВМРО-ДПМНЕ е без контрола: стануваат насилни, владеат со страв и уцени, ги користат новите партии како ЗНАМ и ги елиминираат кога веќе не им се потребни. Одговорни сме тоа да го спречиме“, нагласи Филипче.

Прочитајте повеќе

Четворица кандидати за пратеници во битка за две пратенички фотелји

Четворица кандидати за пратеници во битка за две пратенички фотелји

Рокот на Управниот суд, во кој треба да одлучи дали се прифаќаат приговорите на ДИК …