Филипче: Ситуацијата е сериозна, новите мерки се последен чекор пред воведување на полициски час

Филипче: Ситуацијата е сериозна, новите мерки се последен чекор пред воведување на полициски час

Работното време на сите економски оператори, пред сѐ на угостителските објекти, да биде до 23 часот, јавниот превоз да работи до 50 отсто од капацитетот на автобусите, вработените во администрацијата, како и секаде каде дозволува работниот процес, или да работат во смени или од дома, зависно од профилот на работното место. Ова се предлозите на Комисијата за заразни болести, кои денеска ги соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, а кои Владата треба да ги усвои на утрешната седница.

Мерките се вградени во Законот за заштита на населението од заразни болести, кој е доставен за расправа во Собранието и треба да се донесе до крајот на неделата, а во кој меѓу другото, се предвидува и ограничувања на поголеми групирања по 22 часот, како и на семејни собири, со што треба значително да се намали бројот на нови ковид случаи.

„Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил целосно ограничување на движењето, односно полициски час. Да собереме сили сите, да ги почитуваме мерките за да го избегнеме сето ова, заради тоа што ова е начинот на којшто ќе треба да се функционира, во периодот што е пред нас доаѓаат уште поладни есенски и зимски месеци“ изјави министерот Филипче, додавајќи дека во најлоша епидемиолошка ситуација се Скопје, Струмица и Штип.

Тој истакна дека сè уште нема пациенти во модуларната болница до Инфективната клиника, иако таа е целосно подготвена и кадарот е подготвен, потоа дека во болницата „8 Септември“ целокупниот персонал е ангажиран на оваа проблематика, заедно со инфектолозите, дека веќе се исполнети инфективните одделенија во Струмица, Куманово и Штип, а почнува да се ангажираат капацитетите во болницата во Кочани.

Филипче појасни дека нема слободни места во болницата во Прилеп, а уште едно крило е отворено во болницата во Битола, додека забрзано се пополнува и капацитетот на болницата во Гостивар.

Тој објасни дека нашите мерки не се разликуваат во голема мера со оние што се преземаат во другите европски држави и во светот, а пред да се донесат се прават анализи и се разменуваат искуства.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …