Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Никола Тодоров – поранешен министер за образование и наука и Панче Кралев, исто така поранешен министер за образование и наука и две други лица од тоа министерство, поради основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување при јавната набавка на договорот за градење за реконструкција и адаптација на поранешниот Дом на АРМ во Охрид за потребите на Факултетот за информатички технологии.
Управата за финансиска полиција во соопштението вели дека тие со неизвршувањето на нивната службена положба го оштетите буџетот на Министерството за над 4,7 милиони денари.
Извор: МЕТА