Фон дер Лајен: Спречете ја израелската офанзива на Рафа, ситуацијата во Газа е катастрофална

Фон дер Лајен: Спречете ја израелската офанзива на Рафа, ситуацијата во Газа е катастрофална

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во средата изјави дека хуманитарната ситуација во Газа е катастрофална и неприфатлива.

На прес-конференција со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, таа рече дека „по секоја цена треба да се спречи израелската офанзива на Рафах“, пренесува Бета.

„Газа се соочува со глад, тоа е неприфатливо. Од клучно значење е брзо да се постигне договор за прекин на огнот и да се ослободат заложниците и да се дозволи хуманитарната помош да пристигне во Газа“, рече Фон дер Лејен.

За хуманитарна помош за Палестинците, како што се наведува, годинава Европската унија одвоила дополнителни 125 милиони евра.

Од таа сума, 81 милион евра се веќе склучени со клучните партнери од ОН, како што се Светската програма за храна, Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.
„Помошта по копно пристигнува премногу бавно, затоа бараме отворање на повеќе копнени премини, додека развиваме алтернативи како што се испорака на помош од воздух и поморски коридор од Кипар“, рече Фон дер Лејен, оценувајќи дека испораките треба да бидат направи безбедно.

Таа рече дека ЕУ води конструктивен дијалог со Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA).
„Европа ќе ја поддржи обновата на Газа штом ќе дозволат условите“, рече фон дер Лајен.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Јужна Кореја: Опозицијата бара импичмент на претседателот

Јужна Кореја: Опозицијата бара импичмент на претседателот

Јужнокорејскиот претседател Јун воведе воена состојба во земјата поради блокада на буџетот, која траеше неколку …