Формиран Советот на млади на Општина Прилеп

Формиран Советот на млади на Општина Прилеп

Во Општина Прилеп денес беше одржана конститутивната седница на Совет на млади, на која покрај градоначалникот Илија Јованоски, присуствуваа и претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски,  претседателот и членовите  на Комисијата за општествени дејности и заштита на правата на децата и избраните претсавници од младинските огранизации.

Советот на млади брои 9 членови и е формиран од млади луѓе на возраст од 15т до 30 години, кои по објавен јавен повик беа избрани од страна на Комисијата за општествени дејности и заштита на правата на децата при Советот на  општина Прилеп.

На денешната конститутивна седница, за претседател на Совет на млади беше избран Јован Јованоски, потпретседател е Маја Стеваноска , а според деловникот за работа претседателот за секретар го назначи Александар Богоески.

Градоначалникот Јованоски, кој исто така присуствуваше на конститутивната седница, го изрази своето задоволство од формирањето на Советот на млади и истакна дека Општина Прилеп во рамките на своите надлежности ќе ја поддржува работата на Советот на млади, кој ќе има значајна улога во креирањето на младинската политика и зголемена вклученост на младите во донесувањето на  одлуки од општествен интерес.

Советот на млади ќе има повеќе активности, меѓу кои и поднесување предлози до Комисијата за општествени дејности и правата на децата при Советот на општина Прилеп, предлагање на мерки за остварување и спроведување на одлуките и програмите за грижа на младите, организирање работилници, предавања, трибини, манифестации и други активности во врска со младинските прашања, а воедно ќе поттикнува и соработка со Советите на млади од другите општини во земјава.

Прочитајте повеќе

Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Јавен обвинител предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, …