Реконструкција на улицата „23.Октомври“ во општина Аеродром

Реконструкција на улицата „23.Октомври“ во општина Аеродром

Општина Аеродром денеска, заедно со Градот Скопје, го почна заедничкиот проект за обнова на дел од улицата „23 Октомври“, поранешна „Владимир Комаров“.

„Реконструкцијата на оваа сообраќајница е многу важна за да им се подобрат условите за живот на граѓаните, бидејќи таа е една од пофреквентните улици во нашата општина“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Од друга страна, како што додаде тој, можеме да се пофалиме дека и Општина Аеродром сама, со сопствени средства, интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Освен што редовно ги санираме оштетените улици и ударни дупки на целата територија на општината во изминатиот период изградивме и нови улици. Меѓу нив се улиците:

  • „Новопроектирана 8“ што ги поврзува Мичурин и Стар Аеродром
  • „Новопроектирана 3“ кај висококатниците
  • повеќе улици во населба Лисиче, меѓу кои „Илија Димовски“
  • неколку пристапни улици на булевар „Трета македонска бригада“
  • улиците „Тодор Чангов 20“ и „Ѓорги Капчев9“ во Горно Лисиче
  • улица „4“ во Долно Лисиче
  • привршува и изградбата на 4 пристапни улици на „Пандил Шишков“ во Стар Аеродром

Градоначалниот Марин на граѓаните им порача дека Општината тука нема да застане, туку ќе продолжи со реализација нови проекти за подобри сообраќајници во Аеродром.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …