Германија ја заврши постапката за ратификација на протоколот за НАТО

Германија ја заврши постапката за ратификација на протоколот за НАТО

Вчера, заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во САД, го предаде официјалниот документ за ратификација на протоколот за пристапот на Република Северна Македонија во НАТО, информираат од Амбасадата на Германија во Македонија.

„Со тоа, во Германија постапката за ратификација за пристапување на Северна Македонија во НАТО е завршена“, соопштуваат од таму.

Германскиот Бундестаг го ратификуваше Протоколот за членство на државата во НАТО на 6 јуни.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …