Форум на жени на СДСМ Прилеп: Нема среќно општество без еднаква застапеност на двата пола

Форум на жени на СДСМ Прилеп: Нема среќно општество без еднаква застапеност на двата пола

Меѓународниот ден на жената, 8.Март, Форумот на жени при ОО на СДСМ Прилеп го одбележа со хепенинг на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“.

На хепенингот кој се одржа под мотото „Со моќни жени до моќна држава“, беа промовирани мерките и достигнувањата на СДСМ во унапредување на положбата на жената во општествениот и политичкиот живот.

„Што постигнавме досега?

  • Донесовме нов закон за прекин на бременоста
  • Ја ратификувавме Истанбулската конвенција и го донесовме Националниот план за нејзина имплементација
  • Донесовме закон за минимална плата – женски труд без дискриминација
  • Го подобривме животот на жените во руралните средини
  • Се грижиме за жртвите од родово базирано насилство
  • Се бориме против дискриминацијата на сите полиња во општеството

Иако постигнавме многу, борбата треба да продолжи. Нема среќно општество ако немаме еднаква застапеност на двата пола и еднакви можности.Затоа, овој ден нека биде потсетник и повик до секоја жена, дека борбата за родова еднаквост не трае само еден ден, туку таа треба да биде секојдневна и на сите полиња“, истакнаа од Форумот на жени на ОО на СДСМ Прилеп.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Кренете ги главите - СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

Битиќи: Кренете ги главите – СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

„Граѓаните ни испратија порака, ги слушнавме. Ја прифаќаме одговорноста. А денес е нов ден – …