Форумот на жени на СДСМ Битола дел од кампањата „16 дена активизам против родовото насилство“

Форумот на жени на СДСМ Битола дел од кампањата „16 дена активизам против родовото насилство“

Во рамки на кампањата „16 дена активизам против родовото насилство“, Форумот на жени на СДСМ – Битола, заедно со потпретседателката на СДСМ и министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчера низ Широк сокак и Градскиот пазар поделија летоци со пораки и СОС телефонски линии.

„СДСМ со свои активности и оваа година придонесува во подигнување на свеста за насилството врз жените и одговорноста на секој поединец во борбата против кршењето на основните човекови права и слободи“, рече Костадиновска-Стојчевска, нагласувајќи дека не само во овие 16 денови, туку 365 дена во годината СДСМ останува фокусиран на заштитата на правата на жените и девојчињата и елиминацијата на секаков облик на дискриминаторско однесување.

Во таа насока Костадиновска-Стојчевска додаде дека политиките на Владата предводена од СДСМ во континуитет се насочени кон родова еднаквост, еднакви можности, унапредување на правата на жените, подобрување на животниот стандард и нулта толеранција за дискриминација.

„Го подобруваме животниот стандард на граѓаните, а со тоа особено на жените, имајќи предвид дека половина од работоспособното население се жени и тие доминираат меѓу примателите на минималната плата. Посебни мерки и политики се креирани за започнување на сопствен бизнис од страна на жените, како и неповратна помош за жени земјоделки. Донесовме законски измени со кои правото на детски додаток и образовен додаток за децата им се исплаќа на мајките. Отворивме и поддржавме 16 нови сервиси за жртви на родово базирано насилство, рамномерно распоредени во сите плански региони во државата“, посочи Костадиновска-Стојчевска.

Кампањата 16 дена активизам против родовото насилство, Форумот на жени на СДСМ ја спроведува под слоганот: „Сакам СЛОБОДНО да се движам“.

Прочитајте повеќе

СДСМ

СДСМ Битола: Бесплатна правна помош за членовите, за заштита од партизацијата на ВМРО-ДПМНЕ

Водени од нашите социјалдемократски принципи за еднаквост и солидарност, воведуваме бесплатна правна помош за сите …