(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Промовиран научниот труд на Николче Мариновски „Оперативните функции во македонската текстилна индустрија“

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Промовиран научниот труд на Николче Мариновски „Оперативните функции во македонската текстилна индустрија“

Вчера, на Денот на сесловенските просветители и основоположници на словенската писменост и литература, светите браќа Кирил и Методиј, во Собраниската сала на Општина Прилеп беше промовирана книгата, научниот труд на Николче Мариновски со наслов „Оперативните функции во македонската текстилна индустрија“.

Книгата е, всушност, текстот на докторската дисертација на Мариновски насловена како „Унапредување на оперативните функции во текстилната индустрија во Република Македонија“, одбранета во февруари 2016 година на Економскиот институт на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Рецензенти на книгата се проф. д-р Верица Јанеска и проф. д-р Билјана Ангелова.

Промотори на научниот труд на Мариновски беа проф. д-р Димко Кокароски и проф. д-р Цане Мојаноски.

Николче Мариновски е роден 1983 година во Прилеп, каде завршува основно и средно образование.

Како првенец на генерација награден со „Сребрен долар за успех“, во 2005 година дипломира во Софија, на филијалата на „Куковиот Институт за електроника и инженерство“ од Џексон, Мисисипи, САД, на отсекот „Бизнис администрација“.

Една година подоцна, со одбрана на трудот на тема „Проширување и модернизација на производствен погон за полутешка и тешка конфекција“, магистрира на истиот факултет.

Од 2005 година до денес има учествувано на поголем број научни собири, обуки, конференции, семинари и работилници, а има објавено и повеќе статии и трудови.

Во 2021 година, Мариновски ја доби наградата „40 под 40“, односно беше избран меѓу 40-те најуспешни млади менаџери од Југоисточна Европа под 40-годишна возраст.

Во моментов, Мариновски е управител на Прилепски текстилен конзорциум, како составен дел од „Кули“ конфекција.

Член е на управниот одбор на Регионалната стопанска комора во Прилеп и на Извршниот одбор на македонската Џудо Федерација.

Истовремено, Мариновски е член и на Ротари клубот, а од 2021 година и на Советот на општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

Виралниот ТикТок предизвик „Супермен“ испраќа тинејџери и средношколци во болница

Виралниот ТикТок предизвик „Супермен“ испраќа тинејџери и средношколци во болница

На видеа на ТикТок, има деца кои намерно не го прифаќаат ученикот кој скока врз …