(Фото) На автопат со 231 километар на час: МВР казни 116 возачи за пребрзо возење

(Фото) На автопат со 231 километар на час: МВР казни 116 возачи за пребрзо возење

На автопатот Куманово-Велес-Скопје во текот на вчерашниот ден полицијата казнила 116 возачи за пребрзо возење. На фотографијата која министерството ја испрати до медиумите се гледа мотоциклист кој се движи со брзина од 231 километар на час, што е повеќе од двојно над дозволената брзина.

„Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 116 возачи“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека 18 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца дури над 70 километри на час над дозволеното.

МВР најави дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и наредните денови.

Тие ги повикаа граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да придонесат за посигурни патишта за сите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …