Фотографија на денот: 7 до 10 илјади вакцинации на ден

Фотографија на денот: 7 до 10 илјади вакцинации на ден

Во моментов 3.000 до 4.000 македонски граѓани дневно примаат вакцина против коронавирусот. Планот на здравствените власти е таа бројка да се зголеми на 7 до 10 илјади.

Најголемиот дел од граѓаните и натаму ќе се имунизираат во најголемиот пункт за вакцинација во земјата, салата „Борис Трајковски“.  Од почетокот на неделава таму руски вакцини Спутник V примаат припадници на војската и полицијата, здравствени работници, наставници од прво до трето одделение и воспитувачи во градинките.

Наредната недела следува вакцинацијата на останатите приоритетни групи, односно вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Досега во земјата, според министерот се вакцинирани преку 18.200 граѓани.

Во пунктовите во здравствените домови низ земјава. Паралелно тече и вакцинацијата на лица над 77 години со АстраЗенека и како ќе пристигнуваат нови дози, така ќе се спушта и старосната граница за примање на вакцината.

Филипче најави во македонските медиуми дека во текот на  месецов се очекуваат околу 300 000  нови дози на ковид-вакцини:  200 000 на „Синофарм“ од Кина, околу 11 000 од директниот договор со „Фајзер“, 25 илјади вакцини преку трипартитните договори со земјите членки на ЕУ, нова количина од руските „Спутник“ и останатите дози на „Астра Зенека“ преку Ковакс-системот.

Тој е задоволен од динамиката на имунизацијата и најави дека вакцинирањето нема да прекине.

„Сега се вакцинираат 3.000-4.000 дневно. Нашиот план е меѓу 7.000 и 10.000 на ден – седум илјади е оптимална бројка, а 10 000 во максимална оптовареност на системот. Тоа е добра динамика за нашата земја“, рече Филипче, кој апелираше за масовно пријавување за вакцинација.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Камери Безбеден град

„Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари идната година

Системот за санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари …