Филипче - Верските лидери да упатат апел до верниците да седат дома за празниците

Филипче – Верските лидери да упатат апел до верниците да седат дома за празниците

Доколку се случи нов кластер во верски објекти, притисокот врз здравствените установи ќе биде толку голем што ќе се доводе во прашање дали ќе може да се изменаџира, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој апелираше до верските лидери дека ситуацијата е сериозна и дека епидемиолошката слика може дополнително да ја искомплицира состојбата во болниците.

„Би сакал да ги повикам следната недела двајцата лидери, и на МПЦ и на ИВЗ и да ги замолам да упатат апел кон верниците да останат дома оваа година, да не се групираат во цркви и џамии, да нема служби, изјави Филипче за Канал 5 телевизија.

Во изминатиов период земјата беше зафатена од силен бран на коронавирусот, со голем број на заболени и смртни случаи на дневно ниво.

Според денешните информации на Министерството за здравство, на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1.699 пациенти со Ковид-19, а има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите. Исто така во моментов во Македонија има над 22 илјади активни случаи на коронавирусот.

Филипче додаде дека во зависност од ситуацијата со бројките и проценката на ризикот што може да се случи, во следните две недели ќе донесат одлука како да ги димензионираат мерките за време на празниците.

Во однос на барањето за негова оставка од страна на опозицијата која смета дека министерот за здравство лошо ја менаџира ковид-кризата, Филипче вели дека барањата се темелат на „нешто што е неиздржано.“

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …