Големи делови од јужна и западна Европа страдаат поради жештина невообичаена за овој период. Италија, Франција и Шпанија јавуваат за растечки температури. На викендот и во јужна Германија се очекуваат до 38 степени.
Ова е најраниот период жештина во годината откако се бележат температурите во Франција – уште во вторникот земјата „стенкаше” под бранот топлина надојден од Африка. Неделава се измерени температури меѓу 30 и 35 степени, за викендот се очекува да бидат преку 40 степени.
Со температури од преку 40 степени Шпанија се бори веќе шест дена – на фотографијата: термометарот покажува 47 степени Целзиусови во Мадрид во вторникот (14.06.2022). Во земјата расте ризикот од шумски пожари. Пожар во местото Балдомар во Каталанија веќе уништи 500 хектари шума, се заканува опасност огнената стихија да се прошири на 20.000 хектари.
Италија пак страда поради недостиг од вода. Поради суша од историски размери, 125 општини во Пиемонт и Ломбардија се принудени на рестрикции на водата за пиење. Во некои области дожд не заврнал преку 110 дена.
Голем топлотен бран ја зафати Европа и пред две години: