Фотографија на денот: Спас од руските напади во плиток ров

Фотографија на денот: Спас од руските напади во плиток ров

На 16-тиот ден од војната во Украина, руската војска за првпат од почетокот на инвазијата ги ракетирала градовите Днепар и Луцк. Се јавува и дека руски воени конвои се приближуваат и се распоредуваат околу Киев.

Слика од тегобното секојдневие во Украина на шеснаесетиот ден од војната. Украински војник се крие во плиток и тесен ров за време на нападите на руски хеликоптери. Фотографијата е направена кај селото Демидов во непосредна близина на Киев. Ситуацијата околу главниот град на Украина е повеќе од напрегната, со спорадични руски бомбардирања и во исчекување на можен голем врз градот.  Светските новински агенции јавуваат дека руски воени конвои се приближуваат и се распоредуваат околу Киев.

Според сателитеските снимки изгледа дека голем руски воен конвој долг 64 километри, кој е последен пат виден северозападно од Киев во близината на аеродромот Антонов, во голема мерка се прегрупирал на помали делови, соопшти американската компанија Максар Технолоџис.

Како што се наведува, снимките кои се направени вчера покажуваат дека се распоредени тенкови во градовите кои се во близина на аеродромот Антов, северно од Киев, а некои возила ги поминале шумите во близината, со подготвени хаубици да отворат оган.

За првпат ракетирани и Днепар и Луцк

Конвојот е формиран на почетокот на минатата недела, неговото напредување по сѐ судејќи е забавено, според некои извештаи, поради недостаток на храна и на гориво.

Инаку утрината во три воздушни напади на градот Днепар загина најмалку едно лице, соопштија украинските влсти. Како што е наведено од службата за вонредни ситуации, нападите во овој централен украински град на реката Днепар, биле во близина на градинка и на стамбен блок.

Украинските медиуми денеска известувааат за експлозии и во Луцк, на северозападот од земјата, во кои како и во Днепар порано немаше гранатирања. Нападот во Луцк бил насочен кон аеродромот, според наводите на локалното население.

Постојат извештаи дека во руското гранатирање е погодена и фабрика, единственото место каде можат да се поправат одредени мотори за борбени авиони, а оваа фабрика е на листата на клучни стратешки објекти кои се цел на Русија.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Орбан

Пресметка со Орбан во Европскиот парламент

Унгарскиот премиер Виктор Орбан беше во Стразбур за да зборува за претседавањето на неговата земја …