Фотографија на денот: Устоличување со безредија во Црна Гора

Фотографија на денот: Устоличување со безредија во Црна Гора

Митрополитот на Српската православна црква Јоаникиј е устоличен во Цетињскиот манастир, каде со патријархот на СПЦ, Порфириј, стигнаа со хеликоптер, откако демонстранти го блокираа патот и се судрија со полицијата.

Демонстрантите, кои на Цетиње беа од саботата (4.09), направија барикади од камења и автомобилски гуми, а безредијата траеја во текот на целото утро. Кон полицијата беа фрлани камења, а таа возврати со солзавец. Во судирите се повредени и повеќе десетици луѓе, вклучително и дваесетина полицајци. Полицијата уапси осум лица, меѓу кои и советникот на претседателот на Црна Гора, Веселин Вељовиќ. Обвинителството му одреди задржување до 72 часа. Ситуацијата во Цетиње во меѓувреме е мирна, а патиштата се деблокирани.

По устоличувањето, патријархот на СПЦ, Порфириј и митрополитот Јоаникиј се вратија во Подгорица, а пред Храмот на Христовото Воскресение ги дочека премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ. Тој изјави дека напад врз полицијата претставува напад врз државата. Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека устоличувањето на митрополитот Јоаникиј е „пирова победа“ на владата, која, како што рече, обезбедила „насилна интронизација спротивно на волјата на огромното мнозинство граѓани на Цетиње и значаен број граѓани на Црна Гора“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ му честиташе на црногорскиот премиер Кривокапиќ на спроведеното устоличување на митрополитот на СПЦ, Јоаникиј, наведувајќи дека покажал оти државата има инструменти и дека може да го спроведе во дело она што имала намера да го стори. Вучиќ рече и дека настаните во Црна Гора се последица на идеологии, според кои српската црква во таа земја треба да биде згасната.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …