Септември е светски месец за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања(леукемии, лимфоми и миеломи).Пандемијата со КОВИД-19 и стравот од вирусот предизвика се помал број на лица да се јавуваат на редовни прегледи и со тоа болеста да се дијагностицира во касна фаза,кога можноста за излекување е намалена и може да доведе до смртен исход.Бројот на новодијагностицирани пациенти со леукемии,лимфоми и миеломи во 2020 година е намален за половина, за разлика од 2019 година,што е прилично невообичаено.Оваа година го одбележуваме Септември со апел до граѓаните за редовни прегледи кои можат да Ви го спасат животот!
Дополнително, лицата со хематолошки малигни заболувања се во имунокомпромитирачка состојба, и при вакцинација против КОВИД-19 не секогаш ја добиваат истата заштита како здравата популација.Вакцинацијата на целата популација и другите заштитни мерки(носење заштитна маска и држење дистанаца), се најдобриот начин за заштита на овие лица.