Фотографија на денот: Завои на споменикот на Шевченко во Бородјанка

Фотографија на денот: Завои на споменикот на Шевченко во Бородјанка

Активист ја витка со завој главата од споменикот на големиот украински поет Тарас Шевченко, оштетена од шрапнели во Бородјанка.

Фотографија од една акција полна со симболика – активист во разурнатиот украински град Бородјанка ја витка со завои главата на споменикот на украинскиот поет, сликар и хуманист Тарас Шевченко. Споменикот е оштетен од шрапнели. Книжевното дело на Шевченко ги има поставено темелите за создавање модерна украинска литература, а неговата поезија има голем придонес во развојот на современиот украински јазик и будењето на украинската национална свест.

Бородјанка е еден од украинските градови кои се најмногу разурнати во регионот Киев. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека во Бородјанка е „многу пострашно“ отколку во Буча. Украинската служба за цивилна заштита од средата (6.04) е во потрага по преживеани и жртви во Бородјанка.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

САД: Уапсени двајца водачи на картелот Синалоа

САД: Уапсени двајца водачи на картелот Синалоа

Картелот Синалоа се смета за една од најмоќните и најнасилните организации за трговија со дрога …