Фракционерите на ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од министерот Спасовски за изјавата на Хоџа

Фракционерите на ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од министерот Спасовски за изјавата на Хоџа

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ, изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со ангажирањето на Џезаир Шаќири-Хоџа за советник ја сметаат за контроверзна и бараат да си поднесе оставка.

„Што е контроверзно во изборот на Џезаир Шаќири-Хоџа за советник во премиерскиот кабинет? – праша вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Министре Спасовски, контраверзно е тоа што вие како министер во владата на Зоран Заев и ние како држава се досега немавме контрола на дел од територијата на Македонија, а молчевте и криевте од јавноста. Контраверзно е дека ангажирањето на Хоџа е резултат на политички договор, вие него да го ставите поблиску до премиерот Заев, а тој да го ослободи селото Танушевци. Контраверзно е што направивте гола трампа. Функција во замена за ослободена и досега неконтролирана територија. И не е само што е контраверзно, министре Спасовски, туку е жално и срамно. Затоа е најдобро сега кога имате компетентен советник за безбедност и радикализам во кабинетот на премиерот Вие како некомпетентен и некадарен да си поднесете оставка и да заминте од функцијата. По можност во пакет со премиерот“, се вели во соопштението на партијата.

Од таму потсетуваат дека „постои меѓународна потерница од страна на Србија за поранешниот командант на ОВК, Џезаир Шаќири Хоџа кој е под обвинение дека е еден од организаторите за нападот на преминот Доброшин кај Прешевската долина, но и дека тој се наоѓа на црната листа на САД.“

„Исто така сакаме да го потсетиме министерот и премиерот дека кондовецот Агим Красниќи и неговата дружина кои своевремено се закануваа дека ке го гранатираат Скопје за возврат не добија функции, туку вкупно 53 години затвор за злосторничко здружување и поседување оружје“, се додава во соопштението.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …