Франција разобличи обемна руска кампања за дезинформации

Франција разобличи обемна руска кампања за дезинформации

Кампањата за дезинформирање била наречена „Надежни најнови вести“, според името на проруска вебстраница

Франција разоткрила обемна руска кампања чија што цел била да се подрие поддршката од Западот за Украина, извести француската државна агенција Viginum, чија намена е борба против странски дигитални вмешувања.

„Ангажирањето на руските амбасади и културни центри, коишто активно учествувале во засилувањето на оваа кампања, вклучително и преку официјалните профили на социјалните мрежи, е уште една илустрација на хибридната стратегија што Русија ја применува за да ги подрие условите за демократска дебата“, порача француската министерка за надворешни работи Катрин Колон.

Според извештајот на агенцијата, кампањата се состоела во распространување на проруски содржини; имитирање на популарни француски медиуми како „Монд“, „Фигаро“ и „Ле Паризјен“, како и на владини веб-страници, вклучително и на оние на Министерството за европски и надворешни работи на Франција; создавање веб-страници за франкофонски вести со поларизирачки гледишта, координирање на лажни профили за распространување на креираните содржини.

Кампањата за дезинформирање била наречена „Надежни најнови вести“, според името на проруска вебстраница.

Ова е вториот бран на т.н. операција Doppelgänger што минатата година ја разоткрија EU DisinfoLab и Meta.

И покрај блокирањето на Russia Today и Sputnik, медиуми финансирани од Кремљ, руски дезинформации уште се распространуваат во ЕУ.

Основните тези пропагирани од дезинформациската кампања се неефикасноста на санкциите против Русија, претпоставената русофобија на западните земји; наводното доминирање на нацистичка идеологија кај украински функционер; негативните последици од примањето украински бегалци од страна на европските држави.

Во 2021 година, Франција ја создаде агенцијата Viginum за разоткривање манипулации со информациите што доаѓаат однадвор. Агенцијата е под раководство на Генералниот секретаријат за одбрана и сигурност.

Прочитајте повеќе

Виетнамска милијардерка осудена на смртна казна поради финансиска измама

Виетнамска милијардерка осудена на смртна казна поради финансиска измама

Истакната банкарска службеничка е осудена на смрт за нејзината улога во најголемиот измамнички случај во …