Франција од петок се враќа во карантин

Франција од петок се враќа во карантин

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва најави нови рестрикции за јавниот живот со кој треба да се запре алармантниот пораст на новозаразени од Ковид-19. Одлуката стапува во сила од петок.

Баровите, рестораните и несуштинските дејности ќе мораат да затворат, но за разлика од двомесечниот карантин од минатата пролет, учениците ќе можат да посетуваат настава во училиште, рече Макрон во телевизиско обраќање.
Фабриките и фармите ќе можат и натаму да работат, како и некои јавни услуги, со цел да се ограничи економската штета.

„Вирусот се пренесува низ Франција со брзина која не ја предвидоа ниту најголемите песимисти“, рече Макрон.
„Како и минатата пролет, ќе можете да ги напуштате своите домови само за работа, за посета на лекар, да помогнете на роднина, за неопходен шопинг или на кратко да излезете на воздух“.

Сите граѓаните ќе мора со нив да имаат пишани изјави кои го оправдуваат напуштањето на домот. Во спротивно, полицијата ќе ги казнува.
„Доколку за две недели, имаме подобра контрола на ситуацијата, ќе бидеме во можност да направиме нова проценка и се надевам да отвориме некои бизниси, особено за време на божикните празници“, порача францускиот претседател.

Како и во неколку други европски земји, вториот бран на вирусот може наскоро да го преоптовари здравствениот систем. Во моментов над 3.000 пациенти се на интензивна нега, но Макрон очекува таа бројка да достигне 9.000 во ноември.

Во изминативе 24 часа биле регистрирани 36,437 новозаразени од вирусот, рекорд во земјата од почетокот на пандемијата.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …