ФЗО

ФЗО: Со хакерскиот напад на системот не се украдени податоците на граѓаните

Фондот за здравствено сигурување (ФЗО) демантира дека со хакерскиот напад врз системот се украдени податоците на граѓаните.
„Остро ги демантираме наводите дека податоците на граѓаните се украдени. Фондот за здравство ја уверува јавноста дека здравствените и лични податоци на граѓаните се целосно безбедни и дека граѓаните треба да бидат спокојни. Како што ја информиравме јавноста уште од почетокот, при сајбер нападот немаше излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Тоа го потврди анализата на експертските технички тимови. Оттука, децидни сме дека, податоците на корисниците на здравствени услуги вклучително и личните податоци се безбедни и заштитени и нема неовластено преземање на личните податоци“, известуваат од ФЗО.
Оттаму велат дека апликативните решенија/софтверот и базите на податоци се изолирани од делот на системот кој бил предмет на напад и се финализираат сите активности за прочистување и проверка на целокупниот систем, за да се обезбедат услови за повторно вклучување во нормален режим на работа.
Во соработка со релевантните институции и упатствата за работа за подрачните единици, како што известуваат од ФЗО, oбезбедено е непречено лекување на пациентите, издавањето лекови, работата на матичните лекари итн.
„Фондот за здравство им се заблагодарува и на здравствените работници и на граѓаните за трпението и за разбирањето, нашата заложба е секако враќање на сите функции на системот што поскоро на што се работи 24/7. Воедно апелираме до сите чинители за одговорно однесување и воздржување од шпекулации кои потенцијално и непотребно би предизвикале паника кај граѓаните“, тврдат од ФЗО и додаваат дека постепено се враќаат функциите на системот, а по добивањето на податоците од ЈЗУ, веќе од наредната недела се очекува исплата на платите на здравствените работници.
Вчера премиерот Димитар Ковачевски изјави дека хакерскиот напад извршен врз системот на Фондот за здравствено осигурување е всушност напад со т.н ransomware (вид малициозен софтвер), а ова, како што посочи, е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина со нападот од Русија.
Системот на ФЗО е недостапен десетти ден по ред, односно од 7 февруари годинава.

Прочитајте повеќе

Богородица пожар

Затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот

Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот. Апел до сите граѓани да не се …