Под мотото „Насилството врз жените е пораз за целото општество“, Форумот на жени на СДСМ – Битола одржа трибина на која говорници беа Наташа Димеска, шеф на кабинетот на министерката за труд и социјална политика, Лилјана Обедниковска-психолог, Јулијана Петровска-правник, Даниела Наумова-социјален работник, Елизабета Талевска-семеен системски советник, како и Софија Ристеска и Тања Николова.
Со овој настан, битолските социјалдемократки успешно ја завршија кампањата 16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња.
Од Форумот на жени на СДСМ Битола порачуваат: „Жената е срцето на човештвото, затоа Форумот секојдневно ќе се бори за правото на глас на секоја жена и нејзина поголема застапеност во секоја сфера од општеството“.