„Генералка викенд“, во петок голема акција за чистење на Крушево

„Генералка викенд“, во петок голема акција за чистење на Крушево

ЈП „Комуна“ Крушево е партнер во таканаречената „Генералка викенд“, голема акција за чистење на градот и околината која ќе се одржи во петок, 7 мај. Јавната чистота е еден од приоритетите на комуналното претпријатие и затоа истата е поддржана со расположливите ресурси.

„Ќе го опфатиме просторот околу Гумење, спортските игралишта, старото корзо и Крушевско езеро. Ќе го исчистиме овој предел и ќе упатиме апел до крушевчани и туристите, локациите да останат чисти. Најавивме претходно дека по должина на патеките околу езерото ќе се постават повеќе корпи. Ги покануваме сите граѓани кои се во можност, да се приклучат на акцијата“, изјави вд директорката на „Комуна“, Станка Ефремова Трајкоска.

Акцијата ќе започне во петок, во 10 часот на Гумење, а покрај „Комуна“ и Општина Крушево, во еколошката акција ќе се приклучат и основното и средното училиште.

„Генералка викенд“ е проект имплементиран од организација „Мен анд маунтин“ (Man and Mountain), со поддршка од „ЕУ за тебе“, „Витаминка“, „Пакомак“ и други.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …