Герила акција: Народната мудрост посилна од лажните вести [Галерија]

Герила акција: Народната мудрост посилна од лажните вести [Галерија]

На повеќе локации низ Скопје, анонимни активисти поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во Македонија.

Покрај секоја од лажните вести напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморланоста и опасноста од манипулациите врз населението.

Авторите на инсталациите поставија пет најзлонамерни дезинформации и ги соочија со пет народни мудрости.

АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!

Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – На лагата и се куси нозете, а долги опашките!

Путин ја ослободува Украина од фашизмот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!

Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – Проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели!

За само две недели ова ќе ви го промени животот – Што ќе кликнеш тоа ќе жнееш!

Прочитајте повеќе

Со измами за лажни сообраќајки изнудуваат илјадници евра

Со измами за лажни сообраќајки изнудуваат илјадници евра

Расте бројот на измамени граѓани кои платиле на лажни полицајци кои им понудиле „помош“ да …