СДСМ: Инвестираме во здравството, после 50 години нов оддел и апарат за магнетна резонанца во Прилеп

СДСМ: Инвестираме во здравството, после 50 години нов оддел и апарат за магнетна резонанца во Прилеп

Соопштение за јавност на СДСМ

Владата предводена од СДСМ како и Министерството за здравство остануваат посветени на развој и унапредување на здравствената заштита и вистинска грижа за лекарите и граѓаните.

Покрај инвестициите во човечкиот капитал, континуирано инвестираме и во опремување и реновирање на здравствените установи.

За првпат после повеќе од 50 години во Општата болница во Прилеп отворен е нов оддел во кој е поставен новонабавениот апарат за магнетна резонанца.

Ставањето во функција на апаратот на магнетната резонанца од исклучително значење и придобивка за граѓаните на Прилеп, Крушево и Македонски Брод и целиот овој регион, вклучително и Кавадарци.

Околу 120.000 граѓани, во овој нов оддел ќе добиваат квалитетна здравствена услуга неопходна за точна дијагностика.

Паралелно, унапредувањето на здравствениот сектор и грижата за здравствените работници останува наш врвен приоритет.

Платите на сите вработени во здравството годинава ги зголемивме за 5 отсто.

За четири години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%, на општите лекари за 25%, додека на здравствените соработници за 15%.

Направивме корекција и на коефициентот на дежуствата, а на младите специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар.

Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на обезбедување на квалитетно здравство и достојни услови за работа и вистинска грижа за сите граѓани.

 

СДСМ: Инвестираме во здравството, после 50 години нов оддел и апарат за магнетна резонанца во Прилеп СДСМ: Инвестираме во здравството, после 50 години нов оддел и апарат за магнетна резонанца во Прилеп

Прочитајте повеќе

кацарска

Уставен суд: Кацарска има право да остане на функцијата

Како реакција на тоа што Судскиот совет испратил известување до претседателот на Собранието, дека уставната …