Германија: Највисока инфлација во последните 29 години

Германија: Највисока инфлација во последните 29 години

Мора да се издржи нов скок на цените – инфлацијата во Германија го надмина прагот од 5%. Тоа е највисока инфлација по речиси три децении.

Цените во Германија овој ноември се зголемени за 5,2% во однос на истиот период минатата година, соопшти денеска (29.11) Сојузниот завод за статистика. Ваква инфлација последен пат е забележана пред цели 29 години. Повисоката инфлација ја намалува куповната моќ на потрошувачите.

Повторно, најголемо поскапување се бележи кај енергијата. Имено, енергијата за домаќинства во рок од една година станала поскапа за 18,6%.

Strommasten vor Kraftwerk 

Најмногу поскапува енергијата

Економистите сметаат дека стапката на инфлација ќе се намали на почетокот на наредната година. Експертите проценуваат дека во 2022 година стапката на поскапување ќе падне на 2,6%.

Европската централна банка стреми кон тоа годишната инфлација во земјите од европската монетарна унија да не биде повисока од 2%. ЕЦБ на актуелниот пораст на инфлацијата во Германија и во еврозоната гледа како на привремено зголемување. „Сметаме дека инфлацискиот пораст го достигна својот врв во ноември и дека инфлацијата наредната година повторно ќе се намали и тоа ќе оди во насока на нашата цел од два процента“, изјави членката на директориумот на ЕЦБ, Изабел Шнабел за утринскиот магазин на телевизијата ЗДФ.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …