Германија: Перење на пари во голем стил

Германија: Перење на пари во голем стил

Германски и италијански иследници имаат основани сомнежи за постоење на мрежа за перење пари во регионот на Минхен. Случајот „Црн челик“ покажува како криминалците го користат недостатокот на лимит за готовински плаќања.

Постојат многу причини да се патува во Германија. Меѓутоа, криминалците често се фокусираат на една работа: можноста да подигнат големи количества готовина без да изгледаат особено сомнително. Така било и со Маурицио Руљо. Во период од околу три и пол години, на италијанскиот претприемач и на неговите соучесници две банки во Минхен им исплатиле околу 70 милиони евра. Наводно, за само еден ден се подигнати 900.000 евра.

Истражителите од Државното обвинителство во Милано претпоставуваат дека најголемиот дел од парите потекнуваат од незаконски активности. Во средината на февруари Руљо и 13 осомничени соучесници, во случајот „Црн челик“ („Black Steel“), беа уапсени во Италија и во Германија. Во истрагата беа вклучени јавното обвинителство во италијанскиот регион Калабрија и јавното обвинителство во Минхен, заедно со италијанските карабинери и Сојузната канцеларија за борба против криминалот (БКА).

Главното обвинение: Руљо наводно бил шеф на криминална група која тргувала со старо железо. Тој, наводно, ја перел заработката преку сложена структура на компании во Германија и во Унгарија. Во меѓувреме, Руљо соработува со судството и делумно ги потврдил наводите. Тим од „Репорт Минхен“, МДР, студиото на АРД во Рим и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ го реконструираа случајот на Руљо. Тој покажува пример како криминалците го користат отсуството на горна граница за готовински исплати во Германија.

Продажба на евтин отпад по високи цени

55-годишниот Руљо потекнува од малиот град Локри во Калабрија и е бизнисмен. Со текот на годините, тој ја изградил својата кариера во две области: недвижен имот и метален отпад. Неговите криминални активности очигледно се одвивале во втората област. Вака, наводно функционирал неговиот систем: претприемачот очигледно нелегално купувал тони железен отпад со години, вклучувајќи го она и од депонии. Тој продавал отпад на леарници преку компанија во Милано. Користејќи фалсификувани документи, тој очигледно се преправал дека старото железо наводно е соодветно рециклирано. Наводно, купувал евтино старо железо, а потоа го препродавал по висока цена како рециклиран материјал.

Во Германија и натаму нема лимит за готовински плаќања, што е мамка за меѓународниот организиран криминал
Во Германија и натаму нема лимит за готовински плаќања, што е мамка за меѓународниот организиран криминал

Бидејќи Руљо преку неговата компанија официјално го препродавал отпадот преку легални канали, тој морал да го прикрие неговото нелегално потекло. За таа цел тој наводно формирал сложена структура на компании во Германија, Унгарија, Хрватска и во Бугарија. Клучната компанија се наоѓала во Минхен, во самиот центар на градот. Истражителите ја класифицираат како чисто фиктивна компанија. На новинарско прашање, адвокатот на Руљо одговори дека неговиот клиент не основал мрежа на компании самиот.

Милионски трансфери на сметки во Минхен

За да откупи старо железо на црниот пазар, на Руљо му биле потребни големи количества готовина. Но, за тоа во Италија има готовински лимит од 5.000 евра. Сепак, може да се подигне готовина колку што сакате. Меѓутоа, бидејќи никаде законски не може да се подигнат повеќе од 5.000 евра во готовина, подигањето големи суми пари брзо изгледа сомнително. Доколку некој подигне повеќе од 10.000 евра во готовина, банката е должна да поднесе пријава за сомневање до контролните органи.

За да дојде до многу пари во готово, Руљо ја искористил својата компанија во Минхен. Сè се одвивало на овој начин: компанијата издавала лажни фактури за продажба на стар отпад, која никогаш не се случила. Меѓу 2016 и 2021 година, миланската компанија на Руљо наводно префрлила повеќе од 80 милиони евра на три сметки во неговата компанија во Минхен. Се тврди дека Руљо и неговите соучесници, наводно, подигнале околу 70 милиони евра во готовина од две од овие сметки во различни банки во Минхен меѓу 2016 и 2019 година.

Загубена трагата на парите

Еден од обвинетите, според наводите на еден од истражителите вклучени во постапката, рекол дека наводната група ја избрала Германија поради отсуство на горна граница за подигање готовина. Всушност, според информациите од „Репорт Минхен“, МДР, студиото на АРД во Рим и ФАЗ, банките навистина дозволувале подигање на готовина долго време пред да поднесат пријава за перење пари.

Германскиот град Минхен е средиште на најновиот случај за осомничено перење на пари во Германија
Германскиот град Минхен е средиште на најновиот случај за осомничено перење на пари во Германија

Не е јасно што се случило натаму со парите. Инстражителите очигледно можеле да набљудуваат како парите биле транспортирани неколкупати во Стерзинг, во Јужен Тирол. Таму им се губи трагата на парите. Според зборовите на неговиот адвокат, Руљо им рекол на истражителите дека парите биле искористени за да се продолжи со купување на старо железо од црниот пазар.

Истрагата за Руло во Италија ја спровеле карабинери под името „Црн челик“

Кога дознале за компанијата на Руљо во Минхен, тие стапиле во контакт со тамошното државно обвинителство – и дознале дека тоа веќе води сопствена постапка против Руљо заедно со БКА.

Во Минхен започнаа истраги како дел од анализата на податоците од „Рајските документи“. Истражителите наишле на две сомнителни фирми на Малта. Еден од сопствениците имал фирми и во Минхен, а во Италија бил осомничен за врски со калабриската мафија Н’дрангета. Кога истражителите ги проценувале сметките на една од баварските компании, откриле трага која води до Руљо. Така и тој им паднал в очи на германските истражители.

Мрежа на компании и во Унгарија

Италијанските инспектори во моментов истражуваат дали парите од мафијата за Руљо можеле да поминат преку сопствениците на компании во Малта. На прашањето за ова, адвокатот на Руљо одговори дека неговиот клиент конкретно рекол оти може да се следи трагата на сите пари што се слеваат на сметките. Ја отфрли можноста некој преку него да перел пари од непознато потекло.

Калабриската мафија Ндрангета оперира и во Германија: Фотографија од германска полициска рација против осомничени членови на мафијата на 3 мај 2023
Калабриската мафија Ндрангета оперира и во Германија: Фотографија од германска полициска рација против осомничени членови на мафијата на 3 мај 2023

Но, тоа не е единствената трага во случајот „Црн челик“ што води до калабриската мафија Н’дрангета. За да ги добие своите пари, Руљо наводно основал мрежа на компании во Унгарија. Фирмите се регистрирани во канцеларијата на адвокатот против кого Калабриското државно обвинителство во Катанзаро издаде налог за апсење како дел од случајот против мафијата на почетокот на јануари.

Потребен е лимит за готовински плаќања

Случајот Руљо може да даде нов поттик на дебатата за лимитот за подигнување готовина во Германија. Есента министерката за внатрешни работи Ненси Фезер (СПД) се изјасни за воведување лимит од 10.000 евра за готовински трансакции. На ова се противи коалицискиот партнер на СПД – ФДП.

Флоријан Тонкар, државен секретар во Министерството за финансии, не гледа причина да се воведе горна граница за подигање готовина. Според него, доволен е сегашниот систем кој ги обврзува банките да пријават сомнителни трансакции. Од друга страна, критиките доаѓаат од експерти како Флоријан Кеблер, претседател на германскиот даночен синдикат ДСТГ. Тој истакнува дека во европски рамки Германија важи за рај за перење пари и затоа бара да се воведе горна граница за подигање готовина од 1.000 евра. „Сега и во овој пример можете да видите дека Германија секогаш одново е главно упориште на организираниот криминал, барем што се однесува до банкарството и готовината“, вели тој.

Прочитајте повеќе

дожд врнежливо време

Денеска и во следните денови нестабилно време со врнежи од дожд и грмежи

Денеска ќе преовладува променливо облачно време. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно …