Гир порачува политичарите и општеството годинава да се фокусираат на реформите

Гир порачува политичарите и општеството годинава да се фокусираат на реформите

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир им порача на граѓаните и на политичарите во новата година да се фокусираат на исполнување на реформите кои се неопходни за влез на земјава во ЕУ. Евроамбасадорот Гир порача дека ваквата цел бара обединување на политичарите од целиот политички спектар и општеството.

„Главната порака до политичарите, а не само до Владата, се реформите кои опфаќаат широк опсег на прашања кои ги засегаат граѓаните, од владеењето на правото, борбата против корупцијата, подобрување на стандардот на живеење и градење на економијата. Токму во овие полиња мора да се работи најмногу и најпосветено“, изјави евроамбасадорот Гир.

Дејвид Гир додаде дека реформскиот процес треба да го предводи владата, но сите политичари мора да работат заеднички во исполнувањето на критериумите и условите за влез во Европската Унија.

Прочитајте повеќе

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази сериозна загриженост поради директните закани по животот, …