Голем пожар во Колорадо, се трага по три лица

Голем пожар во Колорадо, се трага по три лица

Најмалку три лица се водат за исчезнати во шумскиот пожар во американската држава Колорадо, соопштија тамошните власти. Пожарот уништи речиси 1.000 домови и други објекти. По исчезнатите се трага со кучиња, соопштија властите.

Шерифот на округот Болдер, Џо Пеле, рече дека трите лица живееле во домови кои биле зафатени од пожарот што брзо се движел, а потоа куќите биле покриени со свежи снежни врнежи.

Властите сè уште се обидуваат да ја утврдат причината за пожарот што избувна на 30 декември, принудувајќи илјадници луѓе да избегаат од населбите сместени во подножјето на Карпестите планини северозападно од Денвер.

Деведесет проценти од округот Болдер е зафатен од тешка или екстремна суша, а областа не видела значителни врнежи од средината на летото.

Официјалните лица првично рекоа дека пожарот можеби го предизвикале урнати далноводи од силниот ветер, но инспекција не открила дека има урнати или оштетени далноводи во близина на местото каде избувнал пожарот.

Свежиот снег што падна врз она што остана од куќите и ниските температури, ги зголемија обидите на луѓето да се вратат во она што остана од нивните домови.

Претседателот Џо Бајден прогласи состојба на катастрофа во областа, наредувајќи погодените да добијат федерална помош.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …