бензин дизел бензинска горива

Горивата од ноќеска поевтинуваат

Дизелот ќе поевтини за половина, а бензините за денар и половина

Малопродажните цени на нафтените деривати од вечерва се намалуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Бензините поевтинуваат за денар и половина, па од ноќеска на полноќ, бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 86,5 денари за литар.

Цените на Еуродизелот и Екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,5 денари за литар. Дизел горивото од вечерва ќе чини 74 денари за литар, додека маслото за горење ќе се продава за 73,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,602 денари за килограм и сега ќе изнесува 44,007 денари за килограм.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

европско знаме

Европската комисија исплати 50 милиони евра финансиска помош за Северна Македонија

Ова е прва транша од тековната програма за макрофинансиска помош (МФП) за земјата Европската Комисија …