Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име

Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, се вели во соопштението на претседателскиот кабинет

Претседателката во јавните настапи има право да го употребува името Македонија, како чин на самоопределување, а таа ќе се придржува до официјалната примена на уставното име.

Ова е ставот на претседателскиот кабинет, по многуте жестоки реакции во јавноста, откако, давајќи ја свечената заклетва во Собранието, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, не го употреби уставното име. Таа наместо „Република Северна Македонија“, рече „Македонија“.

„Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име“, се вели во соопштението на претседателскиот кабинет.

Согласно Уставот, велат оттаму, како што била подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва била потпишана со користење на уставното име.

„Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата“, пишува во соопштението.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

UltiMATH финале

UltiMATH финалето започна: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Денес започна првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во …