дизел

Горивата од ноќеска поскапуваат за 1,5 денар

Одлука за зголемување на малопродажните цени на горивата во просек за 2,09 отсто во однос на одлуката од 5 јуни, донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со минатата стапка бележат зголемување во износ: кај бензините за 3,8 отсто, кај дизелот за 2,9 отсто, кај екстра лесното масло за 2,9 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 2,9 отсто.

Од ноќеска на полноќ, малопродажни цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 0,922 денари за килограм и сега ќе изнесува 40,526 ден/кг.

Од утре максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 денари/литар
Мазут М-1 НС 40.526 денари/килограм

Прочитајте повеќе

Полициска акција во затворот Идризово

Полициска акција во затворот Идризово

Во најголемиот затвор ,,Идризово” во Скопје, денеска биле извршени претреси. Од обвинителството ја потврдуваат акцијата, …