Кузеска: ДПМНЕ да номинира претставници во работна група, да продолжи дијалогот за уставни измени

Кузеска: ДПМНЕ да номинира претставници во работна група, да продолжи дијалогот за уставни измени

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани,

Членството во ЕУ е стратешка цел, врвен национален интерес и секоја партија треба да го даде својот придонес за доброто на земјата и на народот.

СДСМ, како одговорна, државотворна партија го предводи евро-интеграцискиот процес.

Но, подадовме рака и кон Мицкоски и ДПМНЕ за приклучување кон овој процес значаен за иднината на земјата.

Добро е што се воспостави дијалог и што Мицкоски јавно соопшти дека не е против уставни измени и прифаќа учество во заедничка Влада.

Сега дијалогот треба да продолжи.

СДСМ веќе предложи работна група од највисоки партиски претставници.

Сега, на ред е ДПМНЕ да номинира свои претставници и работните групи да започнат со работни средби што е можно поскоро.

Ги повикуваме во ДПМНЕ да ја прифатат подадената рака.

Условите за одложена примена на уставните измени до втората меѓувладина конференција се прифатени.

ДУИ има јасна позиција потврдена на органите на оваа партија и подготвена е да отстапи во интерес на европската иднина .

Македонскиот јазик и идентитет се заштитени, но и дополнителна гаранција очекуваме да се случи многу скоро.

Затоа, сметаме дека има добра основа и дијалогот треба да продолжи за начинот на спроведување на уставните измени.

Ние, како и целокупната јавноста, очекуваме Мицкоски да остане на ставот и преземените обврски и да остане во процесот.

Нема никаква потреба да се дообјаснуваат јавно дадените изјави на Мицкоски.

Тој кажа многу работи пред средбата а сосема различни работи на средбата и по завршување на средбата.

Минатата среда сите го слушнавме Мицкоски како вели дека се согласува со предлогот на премиерот Ковачевски за уставни измени и учество во заедничка Влада, под одредени услови.

Променетиот став е добро за државата и тоа треба да се поздрави, да не дозволиме да се пропушти оваа шанса.

Доколку избега од процесот или повторно го промени ставот, тоа ќе биде уште едно од низата разочарувања.

Сега не е време за политички калкулации и мерење на партиските и личните рејтинзи, сега е време на одговорност, пред сопствените граѓани, пред иднината на сопствената држава.

Прочитајте повеќе

Сдсм знаме

СДСМ: Како што зборуваа за Арсовска, така ДПМНЕ сега зборува за Силјановска

Соопштение за јавност на СДСМ Ветувањата коишто ги дава ДПМНЕ пред граѓаните, не се разликуваат …