Горивата од ноќеска со пониски цени

Горивата од ноќеска со пониски цени

Одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 0,98 отсто во однос на одлуката од 24 февруари, донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Од ноќеска на полноќ, цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за еден денар по литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за половина денар.

Согласно најновата одлука, од вечерва цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 83,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 81,5 денари за литар, додека литар дизел гориво ќе се продава по цена од 76 денари.

Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, и тоа за еден и пол денар по литар, па од полноќ истото ќе чини 75 денари за литар.

Зголемување има само кај цената на мазутот, која по поскапувањето од 0,064 денари за килограм, ќе изнесува 41,266 денари за килограм.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,157 отсто, информираше Регулаторната комисија за енергетика.

Прочитајте повеќе

PR UltiMATH - Натпревар по математика

Награда од 10.000 евра во кеш: Започнува најголемиот математички натпревар за средношколци UltiMATH

За средношколците што сакаат да се натпреваруваат и да ги поместуваат границите на своето знаење, …