Градоначалникот Христоски на средба со министерот Нуредини, се решава проблемот со крушевската депонија

Градоначалникот Христоски на средба со министерот Нуредини, се решава проблемот со крушевската депонија

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски присуствуваше на средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и градоначалниците од Пелагонискиот и Југозападниот плански регион. Целта на средбата беше информирање за проектот за изградба на регионални депонии.

„Со овој проект конечно ќе започне решавање на проблемот со депонијата во Крушево. Наша обврска е да се екипираме, да обезбедиме возила и инфраструктура за да се олесни имплементацијата. Според проектот, Крушево ќе има соодветно место за собирање и обработка на отпадот на регионално ниво, без притоа да се загадува нашата општина“, изјави градоначалникот Христоски.

Што се однесува до Крушево, се планира изградба на претоварна станица во која безбедно ќе се складира отпадот. На овој начин ќе се надминат сите проблеми со кои Крушево со години се соочува.

„Фокусот беше не само на информирање на градоначалниците за статусот на проектот за кој по изработената студија од ЕБРД е добиен позитивен одговор на барањето од Владата за започнување на постапката за добивање на кредит за изградба на системот, туку и да се слушнат нивните мислења, да се обезбеди поддршка на процесот и да се мобилизираат расположивите ресурси заради поголема ефикаснот во имплементацијата. Градоначалниците изразија подготвеност за соработка, со оглед дека решавањето на проблемот со управување со отпадот е високо поставен во нивните агенди“, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …