Граѓаните да не го користат превојот Галичица на патот Трпејца-Отешево, неколку возила заглавија во снегот

Граѓаните да не го користат превојот Галичица на патот Трпејца-Отешево, неколку возила заглавија во снегот

Планинскиот превој на Галичица на регионалниот пат Р504 меѓу Трпејца и Галичица да не се користи за сообраќај, апелираат до граѓаните од Планинската спасителна служба во Охридскиот регион, кои изминатиов период имаа интервенции за одглавување на возила на патот. Тие велат дека граѓаните треба строго да се придржуваат до сообраќајните правила и поставената сигнализација и да не го користат превојот.

За само неколку дена од службата одговориле на два повици за извлекување на заглавени возила, од кои едното дури и со погон на 4 тркала. Поради последните врнежи од снег и специфичните температурни услови, во моментов владеат можеби најнеповолни услови за пробивање низ снежната покривка, која на места од коловозот надминува 60 сантиметри, а има и доста поголеми навеви, објаснуваат од службата.

Планинската спасителна служба реагира на сите повици за помош, но и укажуваат дека поради несовесноста на поединци кои свесно не се придржуваат до правилата и условите на патот, некој друг, кој во исто време би можел да има сериозна потреба за спасување, да не ја добие навреме, бидејќи тимовите на ПСС се ангажирани со извлекување на заглавени возила на превој кој во моментов е забранет за употреба.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …