Од денеска започнува исплатата на мартовските пензии

Од денеска започнува исплатата на мартовските пензии

Oд денеска започнува етапната исплата на мартовските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од ковид-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2021 година (понеделник);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2021 година (вторник);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2021 година (среда);
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2021 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, со парите можат да располагаат од денеска, понеделник, 29 март, односно можат да ја подигнат пензијата од банкомат.

Од министерството апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …