Грижата за личното здравје е грижа за семејството – трибина за подигање на свеста за машкото и женското здравје (ГАЛЕРИЈА)

Грижата за личното здравје е грижа за семејството – трибина за подигање на свеста за машкото и женското здравје (ГАЛЕРИЈА)

Во преполната сала на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечерва се одржа трибина на тема „Не чекај, превенирај! Заедничка борба за женско и машко здравје”.

На трибината говореа заменик министерката за здравство, Маја Манолева, директорот на Клиниката за урологија д-р Сашо Дохчев, директорката на Институтот за радиологија д-р Гордана Антулеска – Белческа и поранешниот министер за здравство, д-р Венко Филипче.

Трибината имаше за цел подигање на свеста за месецот за борба против ракот на дојка „Розов Октомври“, како и за месецот за заштита на машкото здравје „Мовембар“.

Организатор на трибината беше Општинската организација на СДСМ Прилеп, во чие име пред присутните се обратија претседателот на ОО на СДСМ, Зоран Пачешкоски и претседателката на Форумот на жени на Општинската организација, Оливера Костадиноска.

Прочитајте повеќе

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Едни од најчестите индикатори на климатските промени се надминувањата на екстремните температурни вредности, а УХМР …