Грковска на безбедносниот форум во Вашингтон: Економскиот напредок и реформите дома се клучни за одбрана од штетните надворешни влијанија

Грковска на безбедносниот форум во Вашингтон: Економскиот напредок и реформите дома се клучни за одбрана од штетните надворешни влијанија

„Воената агресија на Русија врз Украина ни докажа дека мирот не може и не смее да се зема здраво за готово и дека меѓународниот поредок, независно од тоа што се темели на општоприфатени правила се соочува со сериозни предизвици. Случувањата последнава година се потсетување и предупредување дека не секој цели кон мир“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во денешното обраќање на безбедносниот форум што се одржува во Вашингтон, САД, на тема „Како да се спречи руската агресија врз Украина и штетното влијание на Кина во Европа“, во организација на конгресмените Роберт Адерхолт и Пит Сешнс.

Таа нагласи дека во моментов светот се соочува со најголемата безбедносна криза од крајот на Студената војна, а до сега се одбележува една година од почетокот на таа криза.

Вицепремиерката Грковска информираше дела Северна Македонија, но и другите земји од Западен Балкан се изложени на зголемено руско влијание, чија агенда е сосема спротивна од онаа на западноевропските земји.

„Северна Македонија е одличен пример за земјите од регионот дека и тешко остварливите цели, како што е членството во НАТО, но и почеток на преговорите со Европската Унија се можни. Тоа бара упорност и стремеж кон вистинските цели, но и посветеност кон реформите, кои пред сè се неопходни за граѓаните дома“, нагласи вицепремиерката Грковска.

Во своето обраќање, вицепремиерката Грковска, нагласи дека за Република Северна Македонија, но и за сите земји од регионот, најважно е континуирано да работат на економскиот напредок и развој, владеење на правото и обезбедување подобра иднина за младите, бидејќи на тој начин поефикасно ќе се справат со разните штетни политички влијанија.

На крајот, вицепремиерката Грковска, порача дека треба да се избегнуваат двојните стандарди и дека земјите членки на НАТО и ЕУ треба да бидат пример за почитување на демократските вредности за сите држави во регионот, зошто само на таков начин ќе се овозможи земјите од регионот да се фокусираат на иднината, бидејќи тоа е гаранција за напредок и просперитет на целиот регион.

Прочитајте повеќе

О’Брајан и Лајчак разговараа за ситуацијата на Западен Балкан

О’Брајан и Лајчак разговараа за ситуацијата на Западен Балкан

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан и специјалниот пратеник …