Грковска за НРТВ

Грковска за НРТВ: Да се зголеми транспарентноста и отчетноста во спортот, потребна е ревизија на системот за спортски ваучери

Потребно е да се најде подобар модел за ваучерскиот систем во спортот, кој ќе биде поправеден и ќе биде реализиран директно преку клубовите затоа што општ заклучок е дека сегашниот модел на исплата преку федерации не функционира како што треба, и секако да се зголеми транспарентност и отчетност во спортот, изјави заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска која денеска гостуваше на утринската програма на Националната радио телевизија.

Грковска истакна дека проблемот со корупцијата во спортот е препознаен и од Обединети нации и за првпат е ставен во нивната програма како еден од главните проблеми кои што на светско ниво би требало да се решаваат. И токму затоа нејзиниот кабинет, во соработка со Канцеларијата на Обединети нации за борба против дрога и криминал (UNODC), започна со организирање на конференции во областа на спортот за да се слушнат сите слабости од страна на спортските субјекти. До сега се одржани две стручни конференции, едната во Скопје, другата во Струмица.

„Одлучивме отворено да зборуваме за корупцијата во спортот и тоа беше препознаено од сите дека за прв пат некој од владина структура го отвора прашање. Сметам дека најдобар начин да се решат проблемите е да се соочите со нив и отворено да разговарате за нив. Во периодот што следува ќе се посветиме на реализација на заклучоците од двете конференции, особено во делот на измена на Законот за спорт, заедно со министерот за правда Никола Тупанчески, зашто тој закон е на Министерството за правда и секако со директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски и сите останати чинители“, потенцираше Грковска.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …