Николова

Николова: Го зголемуваме бројот на образовни асистенти за учениците со попреченост, јавниот оглас е веќе објавен

Прес-конференција на СДСМ, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ продолжува со грижата за сите категории граѓани, продолжува да инвестира во образованието.

Го подигнуваме степенот на инклузивност во воспитно – образованиот систем.

Во тој правец е и воведувањето на услугата образовна асистенција како обврска на државата уредена со закон.

Ангажирањето на образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта повеќе не е грижа и не е на трошок за семејствата на учениците.

Минатата година беа ангажирани 500 образовни асистенти низ целата држава.

Од следната учебна година, имајќи ги предвид барањата и потребите на родителите, бројот на образовани асистенти ќе се зголеми на 720.

Денеска веќе е и објавен огласот за вработување на 200 образовни асистенти во 16 општини во државата.

На овој начин, од учебната 2022/2023 година, ќе се зголеми опфатот на ученици со попреченост кои ќе добијат образовен асистент, а ќе се ангажираат и дополнителни 200 лица во образовниот систем.

Унапредување на инклузијата, еднакви можности на децата и лицата со попреченост се врвни приоритети на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики што значат вистинска грижа за сите граѓани.

Прочитајте повеќе

Комеморативен настан во чест на идеологот КУЗМАН ЈОСИФОСКИ – ПИТУ

Комеморативен настан во чест на идеологот: „КУЗМАН ЈОСИФОСКИ – ПИТУ, ПРИЛЕПСКА И МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ”

„Кузман Јосифоски – Питу е еден од најсветлите ликови на поновата македонска историја, великан кој …